Снимка на која се гледа физичка пресметка меѓу две лица, од кои едното држи секира, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако беше објавена од случајни минувачи. Според неофицијални информации, инцидентот се случил вчеравечер во центарот на Струмица, а видеото прикажува како вербална расправија преминува во турканица и отворена тепачка на улица.
На видеото се гледа дека едно од лицата замавнува со секира, додека друго возвраќа физички, а во обид да ги раздвои се вмешува и жена која се наоѓала меѓу нив. Ситуацијата ескалира, по што граѓаните што снимале решаваат да се тргнат, стравувајќи за сопствената безбедност.
Граѓаните бараат поголема безбедност и надзор во централното градско подрачје.
Извор: Скопје1
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата