Откако невладините организации Шанса за Центар и Зелен хуман град се споија и формираа политичка партија, професорката Мирјана Најчевска излезе со критики и образложи зошто нема да гласа за нив.
„Јас лично нема да гласам за новите партии кои ги формираат невладините организации Шанса за Центар и Хуман зелен град.
Според мое мислење тие нема да внесат ништо ново на партиската сцена и брзо ќе се претопат во сивилото на актуелните партиски структури.
Ова го базирам на неколку премиси:
1. Не најдоа сили да се обединат и заедно да настапуваат што зборува за внатрешна борба за власт а не за идеја.
2. Ниту една од овие невладини организации не ја ни размисли понудата од Твоја партија да станат дел од веќе формирана партија (со тоа што им беше понудено и раководење со партијата). Тогашниот одговор беше дека не сакаат политички да делуваат.
3. Ниту една од овие невладини организации не го исполни ветувањето дека ќе го повикаат членството да гласа за партија која ќе покаже дека ја поддржува зелената перспектива со тоа што ќе даде одговор на прашалникот кој го испратија до партиите кои учествуваа на изборите во 20024 година. Единствена партија која го одговори прашалникот со јасна визија за зелена перспектива во развојот на Македонија беше Твоја партија.
Јас лично, не како член на партија туку како долгогодишен активист немам верба дека овие новоформирани партии ќе имаат визија и интелектуален капацитет да внесат промена во жабокречината Македонија“, напиша таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата