НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ ќе го поддржи Орце Ѓорѓиевски како кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ за Градоначалник на град Скопје.
„Цениме дека г динот Орце Ѓорѓиевски е кандидат кој има големи квалитети како човек со космополиткска ориентација, кој ги почитува различностите и ранливите категории. Во многу наврати покажал дека може да биде Градоначалник на сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка приопадност.
Со поддржката на кандидатурата на г динот Орце Ѓорѓиевски, како кандидат на ВМРО ДПМНЕ, во суштина ги поддржуваме интегрирачките процеси на Египќаните, како и поквалитетен живот на Египќаните кои се граѓани на град Скопје. Г-динот Орце Ѓорѓиевски е пријател и поддржувач на мојот народ и вредно е да го поддржиме“, истакна Дипл.правник Демир Далип-лидер на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата