logo
logo
logo

Нова дигитална услуга на МВР: уверението за жителство веќе е онлајн достапно

Vecer | 10.07.2025

Нова дигитална услуга на МВР: уверението за жителство веќе е онлајн достапно

Министерството за внатрешни работи информира дека интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа до приближување на своите услуги до граѓаните.

Од денеска на националниот портал uslugi.gov.mk електронски е достапна една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење.

Граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк:

https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните кои граѓаните веќе секојдневно ги користат за нивните потреби и тоа:

Апликација за дозвола за оружје

Потврда за моментална сопственост за возила за физички лица

Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица

Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица

Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за  правни лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk