logo
logo
logo

Латас: ТРАМП Е ЦАР! Успеа во Европа да создава мултипликација на нашиот Зоран Заев

Vecer | 28.07.2025

Латас: ТРАМП Е ЦАР! Успеа во Европа да создава мултипликација на нашиот Зоран Заев

Кога некои се расфрлаат со празни фрази од типот ‘наша цел е да бидеме според стандардите и вредностите на ЕУ…’ без да кажат што подразбираат под тоа отсега нема земат воздух пред да лупетаат.

После ‘спогодбата’ со Трамп дека ЕУ презема обврски во наредните 3-5 години да се инвестираат 600 милиради долари европски пари во САД ‘Политико’ со потсмев ја потсетува европската премиерка дека нема шанса за тоа и дека ветува туѓи пари - инвестиции од приватни европски фирми и лица над кои таа нема никакви овластувања.

Како што Зеленски на САД му потпиша предавање во владение украински рудници и земјоделие кои имаат приватни сопственици.

Македонија отсекогаш била земја за експерименти, и се покажа дека насекаде може да се најде по некој Зоран Заев, да вети туѓо во замена да го постават и остават на власт.

Да најавам: Франција, Германија и Шпанија кои се веќе во криза, а веројатно и Полска на која засега и оди добро, за најмногу до три години ќе имаат внатрешни тензии и промени во власта. Другите во случајов се пред ист предизвик, но помалку битни.

И, кога во ЕУ ќе имаат време и нерви за нас? Никогаш, па дури ни тогаш

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk