Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР во Скопје треба да одговори на прашањето дали е вклучена во изборен инженеринг, откако нивниот вработен Кирил Ефремоски, сениор политички аналитичар и комуникациски стратег, на социјалните мрежи посочува дека цитираме „Изет Меџити го губи Чаир“ за локалните избори есенва кои ќе се одржат во Македонија.
Како организација задолжена за набљудување на изборите, канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР мора да одговори на овој наратив на нивниот вработен, кој на јавноста и е познат како учесник во Шарената револуција и активист на СДСМ.

- Дали и како ОБСЕ/ОДИХР однапред знае дека Изет Меџити ќе биде кандидат за градоначалник на општина Чаир и од каде им е таквата информација, која досега не е споделена од ниедна партија?
- Дали веќе се познати резултатите во општина Чаир и без да се познати кандидатите за градоначалници?
- Дали веќе е подготвен изборен инженеринг
- Дали ОБСЕ/ОДИХР однапред навива за кандидатот на ДУИ Бујар Османи како кандидат за градоначалник на општина Чаир?
- Како ОБСЕ/ОДИХР независно ќе ги набљудува изборите кога нивни вработен веќе агитира на терен, јавно споделува очекувани резултати преку непознати кандидати, преку социјалните мрежи ?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата