logo
logo
logo

ПОЛИЦАЕЦ НАТЕПАН НА СРЕДНО ВОДНО во 02 часот наутро, кога легитимирал машко лице

Vecer | 19.07.2025

ПОЛИЦАЕЦ НАТЕПАН НА СРЕДНО ВОДНО во 02 часот наутро, кога легитимирал машко лице

Полициски службеник бил физички нападнат ноќеска на Средно Водно во Скопје, додека вршел легитимирање на лице на паркинг просторот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил на 19 јули околу 02:10 часот, кога полициска патрола од единицата за интервентна полиција се обидела да легитимира машко лице. Наместо да соработува, лицето почнало да упатува навреди и пцовки, а потоа со двете раце го удрило еден од полициските службеници во пределот на градниот кош.

Нападнатиот полицаец се пожалил на болки и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му била укажана лекарска помош.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на напаѓачот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk