logo
logo
logo

МВР ЌЕ КОНТРОЛИРА ЕЛЕКТРОНСКИ: За муниција одете директно во дуќан, не ви треба одобрение

Vecer | 29.07.2025

МВР ЌЕ КОНТРОЛИРА ЕЛЕКТРОНСКИ: За муниција одете директно во дуќан, не ви треба одобрение

Реализирана е уште една суштинска промена во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје, објави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција.

Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција, додаде Тошковски.

Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања.

Со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали степенот на безбедносен надзор.

Ова е уште една потврда дека се движиме во вистинска насока, со конкретни мерки што носат резултати и реално го подобруваат квалитетот на услугите што МВР ги дава на граѓаните, објави Тошковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk