logo
logo
logo

ДРЖАВАТА ЈА ИСПОЛНИ ОБВРСКАТА - Процесот на евакуација од заливските земји е успешно завршен

Vecer | 20.04.2026

ДРЖАВАТА ЈА ИСПОЛНИ ОБВРСКАТА - Процесот на евакуација од заливските земји е успешно завршен

Процесот за евакуација на македонските државјани од регионот на Заливот е официјално завршен, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој информираше дека државата успешно одговорила на сите барања за помош, додавајќи дека не се предвидени нови организирани летови за евакуација.

„Ги организиравме чартер-летовите и ги евакуиравме сите наши граѓани што до тој момент бараа евакуација. Последниот авион од Дубаи беше темпиран подоцна, но по овој процес, веќе немаме намера да организираме нови евакуации“, рече Муцунски.

Министерот нагласи дека оние кои решиле да останат во овој регион, со оглед на актуелните политички и безбедносни тензии, отсега го прават тоа на сопствена одговорност. Според него, државата ја исполнила својата примарна обврска, да обезбеди безбеден пат до дома за секој што изразил желба за враќање. Интересно е што во рамките на оваа мисија, покрај нашите сограѓани, биле превезени и државјани на соседните земји, како и на земји членки на ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk