logo
logo
logo

Војната на ФИЛИПЧЕ со ТВ Алфа продолжува: ЈА ОДБИ ПОКАНАТА И НАЈАВИ „ОСЛОБОДУВАЊЕ“ НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА

Vecer | 20.04.2026

Војната на ФИЛИПЧЕ со ТВ Алфа продолжува: ЈА ОДБИ ПОКАНАТА И НАЈАВИ „ОСЛОБОДУВАЊЕ“ НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вчерашната прес конференција беше поканет од новинар на ТВ Алфа да гостува во нивната телевизија во термин по негов избор и да ги изнесе сите свои ставови. На ова Филипче рече дека ќе дојде да гостува во ТВ Алфа, но откако претходно „ќе ја ослободи“ телевизијата од „канџите во кои е ставена“ и од „црните пари кои доѓаат од Унгарија“.

– Господине Филипче, јас сум од медиумот телевизија Алфа, па би сакала и да ви упатам покана да дојдете кај нас во емисија, во вести или било кој формат. Повеќе пати сте поканети, па, ако сакате отворени се вратите на Телевизија Алфа, се што сакате да порачате слободно може да дојдете кај нас секако порачате и еве би сакала да добијам одговор дали ќе дојдете, кога ќе дојдете, сакате ли да дојдете – рече новинарката на Алфа.

Наместо културен одговор на културна покана за гостивање и соочување на аргументи, Филипче повторно возврати со директен напад и закана.

– Ќе дојдам кога ќе ве ослободам. Ќе ве ослободам од канџите коишто се ставени врз вашиот медиум, од црните пари коишто доаѓаат од Унгарија. Поради тоа што има доказано или барем сомнеж дека таа телевизија се користи за перење пари. Кога ќе ве ослободам од тој наратив што го ширите антиевропски и дискредитациони политики кои што ги креирате и ги спроведувате, ако се прашува Телевизија Алфа, јас сум хипер-корумпиран човек којшто гради згради во Дубаи и има куќи. Не знам каде низ Скопје ваши новинари одат и се сликаа пред куки во Нерези што нема никаква врска со мене – рече Филипче.

Откако новинарката го праша дали тој ќе се извини што на јавна сцена ја оцрнува телевизија, Филипче кратко одговори со контрапрашање.

– А, дали ќе се извините кога сѐ ова што тврдувате ќе се докаже дека е невистина?  Јас сум спремен да дебатирам на било која тема – рече Филипче.

Ова не е првпат Филипче да ја напаѓа телевизија Алфа, а нападите особено се засилија по смената на власта во Унгарија, по што СДСМ поднесе и кривична пријава за телевизијата. Неколку новинарски здруженија, како и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрази загриженост поради зачестените изјави на лидерот на СДСМ Венко Филипче, во кои изнесува обвинувања за политичка и финансиска зависност на ТВ Алфа.

Тие посочуваат дека јавното етикетирање и користење на медиумите во политички конфронтации не е во согласност со демократските принципи и слободата на изразување. Според нив, недозволиво е носители на јавни функции да користат дискредитирачка реторика која придонесува за поларизација и може да ја наруши довербата на јавноста во медиумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk