logo
logo
logo

Мицкоски порача дека оди напред

АКУМУЛАЦИИТЕ ОД 8 СТИГНАА НАД 70%, РАСТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

Vecer | 28.07.2026

АКУМУЛАЦИИТЕ ОД 8 СТИГНАА НАД 70%, РАСТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

Акомулациите за наводнување од 8 проценти исполнетост минатото лето, денес надминуваат 70 проценти, а земјоделското производство бележи раст - ова го посочи премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека Владата постигнала значителен напредок во земјоделскиот сектор. 

При посетата на Општина Илинден, Мицкоски порача дека состојбите со земјоделството биле значително подобрени во однос на пред една година, посчувајќи ги како клучни резултати, зголемена достапност на водата за наводување, редовната исплата на субвенциите, подобрувањето на состојбите во јавните претпријатија, како и растот на производството и откупните цени кај тутунот и лозјето. 

„Со домаќинско работење и начинот на кој функционира оваа Влада, капацитетот на акумулациите е зголемен речиси десеткратно. Кога се прават споредби, мора да се гледа како било претходно и каква е состојбата денес, а не да се зборува врз основа на чувства “– изјави премиерот.

Тој потсети дека при преземањето на власта вработените во водостопанството и Национални шуми имале неисплатени три плати, а исплатата на земјоделските субвенции доцнела за речиси две програмски години.

Според него, состојбата денес е стабилизирана, а деблокиран е и кредитот од 80 милиони евра од KfW Банката, кој ќе биде наменет за реализација на три нови проекти за наводнување.

Со проектот Страиште“ веќе започнуваме со подготовка на тендерската постапка. Станува збор за проект за кој граѓаните седум години плаќале камата, а без да има реализација. Сега конечно го ставаме во функција – рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека позитивни резултати се бележат и во производството на тутун и грозје.

Откупот на тутун се зголеми од околу 16 на 26 милиони килограми, додека откупната цена порасна од 150–160 на 420–430 денари за килограм. Кај лозарството, очекуваме годинава родот да достигне околу 120 милиони килограми, наспроти 60 до 70 милиони килограми претходно. Ова се конкретни показатели кои не можат да се оспорат – изјави Мицкоски.

Тој порача дека Владата ќе продолжи со политиките насочени кон модернизација и понатамошен развој на земјоделството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk