Сообраќајната несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево–Охрид, во близина на селото Другово. Учествувале три автомобили, финишира со осум повредени лица од кои едно се здобилоВ со тешки телесни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 јули околу 13:35 часот. Во неа учествувале три патнички возила – „Фолксваген Тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 76-годишниот Љ.М. од Прилеп, „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 41-годишниот С.П. од Скопје, како и „Цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 48-годишниот Р.Р. од селото Грешница.
Во силниот удар најтешко поминал 79-годишниот С.Р. од Грешница, кој бил сопатник во возилото „Цитроен“. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен на лекарски преглед.
Повреди добиле и тројцата возачи, како и повеќе сопатници. Меѓу повредените се Г.Р. (45) од Грешница, Ц.М. (76) од Прилеп, М.П. (34) од Скопје и нејзините две малолетни деца.
Сите повредени лица биле прегледани и медицински згрижени во Медицинскиот центар во Кичево.
На местото на несреќата извршила увид екипа од Одделението за внатрешни работи Кичево. Надлежните продолжуваат со истрагата за да се утврдат точните причини и околности кои довеле до судирот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата