Во повисоките предели во западна Македонија вечерва почна да паѓа снег, а според информациите, најсилно снежи на Попова Шапка.
„Порта“ објави видео снимено околу 18 часот на планинскиот превој Стража, на патот Гостивар-Кичево, според кое возачите треба да бидат посебно внимателни поради зимските услови.
Според сведоштвата на возачи кои ја поминале делницата, снегот засега не се задржува на коловозот, па сообраќајот се одвива без поголеми проблеми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата