logo
logo
logo

„Многу серизни индиции дека дел од пожарите се подметнати, а мотивите се политички. Одговорните ќе бидат уапсени!“

Vecer | 09.07.2025

„Многу серизни индиции дека дел од пожарите се подметнати, а мотивите се политички. Одговорните ќе бидат уапсени!“

Премиерот Христијан Мицкоски објави благодарност до сите кои учествуваат во гаснењето на пожарите во Македонија.

„Вечерва се одржа состанок на Кризниот штаб за состојбата со пожарите.

Упатуваме искрена благодарност до Армијата, Полицијата, припадниците и вработените во Дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК, за нивната несебична ангажираност и надчовечки напори.

Сите тимови се целосно мобилизирани и посветени на справување со ситуацијата. Ќе направиме сè што е во наша моќ оваа непогода да биде победена. Заедно и одлучно!“ - објави Мицкоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт во објава наведува дека постојат сериозни индиции дека дел од пожарите се подметнати, од политички мотиви.

„Постојат многу серизни индиции дека дел од пожарите се подметнати, а мотивите се политички. Одговорните ќе бидат уапсени! Ќе ве поразиме повторно!!! Македонија ќе победи!!“, објави Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk