logo
logo
logo

Шоферот на Заев НАМЕРНО ПОТПАЛУВАЛ ПОЖАРИ А ЗАЕВ ВЕЛИ - НЕ СУМ ГО ВИДЕЛ, ГО ЗНАМ ОД ТЕЛЕВИЗИЈА

Vecer | 29.07.2025

Шоферот на Заев НАМЕРНО ПОТПАЛУВАЛ ПОЖАРИ А ЗАЕВ ВЕЛИ - НЕ СУМ ГО ВИДЕЛ, ГО ЗНАМ ОД ТЕЛЕВИЗИЈА

Шоферот на Зоран Заев подметнал пожар во атарот на браната Водоча во Струмица, е веста од вчера. Ова е петти случај од вкупно околу 20 пожари низ Македонија, да се дознае дека се намерно подметнати а трет кој директно се поврзува со активисти на ДУИ или СДСМ. Тоа, секако, не е случајно.

Шоферите и обезбедувањата на Заев се веќе видени и регистритрани како учесници во тепачки и дилање марихуана.

Поранешниот премиер и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, негира дека приведениот Александар Николов поради подметнување пожар во Водоча, бил негов возач.

– Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а после тоа беше Кире Ангелов. Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности – изјави Заев за Фокус.

Тој тврди дека по завршувањето на неговиот градоначалнички мандат воопшто го нема видено Николов.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска изјави дека шоферот на Зоран Заев, според нивни информации, подметнал пожар во атарот на браната Водоча во Струмица.

Лефков праша дали во СДСМ има организирана група за палење пожари низ земјата и го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче ако не стои заедно со Заев зад потпалувањето на пожарите, јавно да се откаже од него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk