logo
logo
logo

НОВ ЗДРАВСТВЕН ДОМ доби Општина Илинден по 50 години (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 23.07.2025

НОВ ЗДРАВСТВЕН ДОМ доби Општина Илинден по 50 години (ФОТО+ВИДЕО)

Општина Илинден денеска доби нов здравствен дом, прв по половина век.  Во објектот изграден на локацијата на старата амбуланта, на две нивоа со површина од 600 метри квадратни, се сместени 14 современи ординации, и за приватни здравствени услуги и за специјалистички. 

Во амбулантата се вложени 16 милиони денари, по осум милиони денари од буџетите на Министерството за здравство и на Општина Илинден. Заедно со придружната инфаструктура вкупната инвестициска вредност изнесува 25 милиони денари.

– Вредноста на овој објект е далеку поголема од паричниот износ. Таа се мери во сигурноста на родителите дека нивните деца ќе имаат здравствена грижа близу до домот во спокојот на повозрасните жители кои веќе нема да мора да патуваат далеку за преглед, во достоинството на здравствените работици кои конечно добиваат услови какви што заслужуваат, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

„Ова не се одвоени активности – ова е дел од една сериозна, системска трансформација на јавното здравство. Ние не градиме само објекти – градиме доверба, достоинство и една нова надеж во македонското здравство. Надеж во која пациентот е во центарот, а државата се грижи за него, во секој град, во секое село, во секој дом“:

Вака истакна премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на новиот здравствен дом во Илинден. Премиерот нагласи дека денешниот чин претставува отворање врата кон една поодговорна, похумана и поблиска држава кон граѓанинот.

– Градиме темели на промените, затоа што тоа го ветивме и тоа го реализираме. Денеска овде во Илинден отвораме нешто што е повеќе од амбуланта – отвораме врата кон една поодговорна, похумана и поблиска држава кон граѓанинот. Ова е само почеток. Ќе продолжиме со реновирања, со вложувања, со нови објекти, нова опрема, со повеќе мотивација за здравствените работници, но и со повеќе грижа за секој човек во Македонија – истакна Мицкоски во обраќањето на настанот, на кој присустуваа и министерот за здравство, Азир Алиу и градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.

Првиот човек на Владата нагласи дека сето ова е заеднички труд на Министерството за здравство, на Владата, и на локалната самоуправа на Илинден.

– Ова е моделот на функционирање кој го промовираме – соработка наместо изговори, дела наместо зборови. Оваа амбуланта е дел од нашата поголема заложба – да го обновиме, модернизираме и зајакнеме здравствениот систем во целата држава.

Премиерот потсети дека изминатиот период целосно е реновиран Одделот за ургентна инфектологија и интензивната нега во Инфективната клиника, во Општата болница во Гостивар реновирани се неколку одделенија, како и во Клиничката болница Тетово. Ги спомена и реновирањата на радиологија, на хируршките клиники, како и невролошката амбуланта во Детската клиника, а интензивно се работи и на клиниката Карил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk