Ја вративме безбедноста на мостот кај Башино село во Велес, објави на Фејсбук, потпретседателот на Владата, Александар Николоски.
-Денеска го пуштивме за сообраќај за сите возила, тоа што го ветивме пред само шест месеци.
Успеваме со добра координација меѓу централната и локалната власт во рекордно време да го санираме и целосно да го зацврстиме со што од денеска мостот е безбеден за сообраќај.
Доаѓаат многу значајни проекти за Велес, напиша Николоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата