Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.
МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила е пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.
Воспоставен е посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин е пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце.
Активни се пет пожари на отворен простор заклучно со 21 часот, од вкупно 22 регистрирани денеска. Еден е ставен под контрола, еден е локализиран, а 15 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Има активни пожари во општините Прилеп, с. Бешиште (приземен во мешана шума), Македонски Брод, с. Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки), Чашка, под Солунска глава – изворите на Бабуна и Бабина дупка (чад во карпест дел, шумски пожар), Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација) и Сарај, с. Љубин (ниска вегетација и борова шума).
Под контрола се пожарите во општините Ѓорче Петров и Карпош, во населба Геге и болницата во село Бардовци (ниска вегетација), а локализиран е пожарот во Градска депонија Делчево.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата