Според мерењата на референтната светска агенција Similarweb.com која мери читаност и карактеристики на сите сајтови во светот кои имаат повеќе од 10.000 посети месечно, и минатиот месец, јуни 2025 година, информативниот портал Vecer.mk e најчитан, а исто така и со најголема доверба во брендот што е видливо од процентот на најмал Bounce rate, или – најмал процент читатели кои го посетиле сајтот но, го напуштиле после само една прочитана објава.

Податоците за најчитаните десет информативни портали кои овде ги објавуваме се мерени од Similarweb.com според десктоп посети, тие се јавно достапни податоци кои секој може д ги види и провери, и покажуваат битни промени во однос на истите кои ги објавивме во првиот квартал годинава: значителен пад на читаност кај mkd.mk, press24.mk, libertas.mk, lokalno.mk... кои изминативе години беа блиску до Топ 10, а скок на читаност има кај skopje1.mk, портал кој за прв пат се појавува во Топ 10 најчитани.
Vecer.mk од последниве 10 години, или 120 месеци, 106 месеци е на првото место.
Ова се најчитаните информативни портали во јуни 2025 година:
Име на порталот/ број на посети во месец јуни 2025/ време поминато во читање/ *напуштање

* НАПУШТАЊЕ - Bounce rate – Еден од НАЈБИТНИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ за метрика на веб-аналитиката што го претставува процентот на посетители кои ја напуштаат веб-страницата откако ќе видат само една објава, најчесто кликната од Фејсбук пост или друг линк. Процент на луѓето кои го напуштаат сајтот без дополнително да истражуваат. Високиот процент е негативен, покажува дека нема “што друго да се прочита“ на сајтот и дека вкупната содржина на сајтот не е привлечна. Помал процент *напуштање – е повеќе доверба во брендот, во самиот информативен портал.

Посебна категорија е квалитетот на содржините и довербата кај читателите. Тоа се мери според процентот на *напуштање.
И тука Vecer.mk е на прво место, со 36,45% *напуштање значи дека околу 64%, или две третини од читателите кои пристапиле, прочитале повеќе од една објава на порталот.
Порталите кои имаат Bounce rate или *напуштање на сајтот после само едена прочитана објава поголема од 63-65%, што е скоро 2/3 од вкупните посети на сајтот, немаат битно влијание и професионални содржини од интерес за читателите и таму се чита претежно еден текст и сајтот се напушта или, што би се рекло во време на весниците, во тој весник “нема што да се прочита“.
Кај АГРЕГАТОРИТЕ НА ВЕСТИ: Time.mk, Vesti.mk i Grid.mk состојбата со читаност е стабилна каква што е во јуни 2025, таква е цела година и времето предтоа, со повремени промени во рамките на 10% + - , како што е стабилен и редоследот по читаност: Time.mk, Vesti.mk i Grid.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата