Прво ќе ја потврдиме внатрешната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со политичките партии, а потоа ќе продолжат разговорите и со коалициските владини партнери, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање до каде се преговорите со владините партнери Вреди и ЗНАМ и кога може да се очекуваат кандидати за градоначалници на општините Центар и Куманово.
– Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии кои се дел од нашата внатрешна коалиција се наш приоритет, тие преговори се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена. Потоа ќе продолжат и преговорите со нашите коалициски владини партнери. Во овој момент се движат во одлична позитивна насока. Кога ќе имаме повеќе детали ќе излеземе во јавноста со информации – одговори Мицкоски.
На друго новинарско прашање, во врска со обвинувањата на СДСМ за квалитетот на новоизградената делница од автопатот Кичево-Охрид, Мицкоски рече дека не бе го коментирал СДСМ.
– Јас не би го коментирал СДСМ, мислам дека они имаат многу поважна работа од тоа да излегува со вакви пораки во јавноста. Најпрво треба сами да се консолидираат внатре, бидејќи за брзо време ќе се соочат со уште еден дебакл на избори кои што набргу од денес, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
- А што се однесува до динамиката на изградба на автопатото кој што е дел од Коридорот 8, а го поврзува Кичево со Охрид, можам да кажам дека пред осум месеци состојбата беше до никаде, се работеше во три смени, се работеше жестоко, се работеше посветено и резултатот од таа посветена работа се овие први 17 километри, истакна Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата