logo
logo
logo

“Прво тие, па потоа Украина“: И по смена на власта, ПРОДОЛЖУВА ПОДДРШКА ОД УНГАРИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА

Vecer | 25.05.2026

“Прво тие, па потоа Украина“: И по смена на власта, ПРОДОЛЖУВА ПОДДРШКА ОД УНГАРИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА

И по смена на власта, продолжува поддршката од Унгарија за Македонија.

Унгарскиот премиер изјави дека Европската Унија треба да ги прими земјите од Западен Балкан пред Украина, за да го зачува кредибилитетот во регионот.

ЕУ прво мора да ги исполни ветувањата дадени на земјите кои со години чекаат членство, пред да даде нови ветувања на другите кандидати.

„Прво треба да ги примиме земјите кои долго време се подготвуваат за членство, кои многу жртвувале, прифатиле бројни обврски и со години чекаат на ветениот влез во ЕУ“, кажа Маѓар во интервју за австриската агенција АПА.

За евентуалното членство на Украина во ЕУ, Маѓар кажа дека земјата е сè уште многу далеку од прием и процени дека тоа нема да се случи барем во следните десет години. Потсети дека сите земји-кандидатки мора да поминат низ истите процедури и да ги исполнат истите услови за членство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk