logo
logo
logo

СДСМ ги претстави првите 19 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Vecer | 20.06.2025

СДСМ ги претстави првите 19 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ги презентираше првите 19 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Оваа листа е резултат на завршените внатрепартиски процедури и усогласувања, а според изјавите, изборот ќе биде финализиран и од Централниот одбор откако ќе бидат завршени постапките во сите општини.

Од СДСМ истакнуваат дека неколку од кандидатите се актуелни градоначалници, додека други се истакнати претседатели на општински организации и други лица со релевантно искуство.

Ова се 19 општини за кои се знаат кандидатите:

Општина Центар – Горан Герасимовски (актуелен градоначалник)

Општина Аеродром – д-р Александар Трајановски

Општина Ѓорче Петров – Костадин Ацески

Општина Чучер Сандево – Сашо Комненовиќ (актуелен градоначалник)

Општина Берово – Илија Рунтевски

Општина Крива Паланка – Сашо Митовски (актуелен градоначалник)

Општина Лозово – Ацо Велковски

Општина Чешиново Облешево – Горанчо Крстев

Општина Богданци – Блаже Шопов

Општина Дојран – Ристо Џинев

Општина Могила – Зоран Ристевски

Општина Неготино – Петар Мантев

Општина Новаци – Љубе Кузмановски

Општина Росоман – Стојанче Николов (актуелен градоначаник)

Општина Вевчани – Стефан Радионоски

Општина Крушево – Томе Христоски (актуелен градоначалник)

Општина Ресен – Александар Бузлевски

Општина Штип – Павел Иванов

Општина Гази Баба – Влатко Митовски

Од партијата најавуваат дека со објавата на имињата на првите кандидати продолжува процесот на подготовка за локалните избори. Останатите имиња ќе бидат познати по завршување на процедурите и во останатите општини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk