logo
logo
logo

А брат му работи под капата на Град Скопје

Функционер на ДУИ е осомничен за ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАРИ

Vecer | 11.07.2025

Функционер на ДУИ е осомничен за ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАРИ

При претрес во домот на претседателот на огранокот на ДУИ во Шутооризари, полицијата пронашла пиротехника и запаливи материјали, а неговиот телефон е одземен и даден на вештање со цел да се испитаат сомнежите за намерно предизвикување пожари во Скопје.

Министерството за внатрешни работи сомничи функционер на опозициската ДУИ за намерно предизвикување на пожари во подрачјето на Скопје.

Станува збор за претседателот на партискиот огранок во Шуто Оризари, во чиј дом полицијата веќе извршила претрес.

Според неофицијални информации, при претресот биле пронајдени пиротехника и други запаливи материјали, а воедно му бил одмезен и мобилниот телефон, со цел да се вештачи.

Се испитуваат сомнежите дали тој е поврзан и со пожарот во отпадот во Визбегово, бидејќи поседува имот веднаш до опожарената парцела.

-Станува збор за функционер на „интегративците“ на локално ниво со иницијали И.Л., чиј, брат, пак, е шеф на кабинет на директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, под капа на Град Скопје на чело со Данела Арсовска, велат информациите.

Фото: Илустрација, принтскрин

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk