Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев, пратеник во европскиот парламент од Бугарија.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјаникои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најбилскиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на амкедонската влада.
Бугарската влада има должност за над 2016.000 бугарски државјани во Северна Македонија кои станале такви по своја воља, го докажале своето потекло со документи и со потпис и изјавиле дека се чувтсвуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги штити нивните права, безбедност и човечко достоинство, напиша и објави Ковачев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата