logo
logo
logo

Досега 950 нови вработувања во мандатот на Алиу: лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари, техничари...

Vecer | 20.07.2025

Досега 950 нови вработувања во мандатот на Алиу: лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари, техничари...

Министерството за здравство информира дека од именувањето на министерот Азир Алиу на 9 јуни, започнал интензивен процес за засилување на здравствениот кадар низ целата држава.

Во изминатиот месец се реализирани или се при крај над 950 нови вработувања во јавните здравствени установи, вклучувајќи лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари, техничари, психолози, социјални работници, хигиеничари и друг неопходен персонал.

Од Министерството најавуваат дека процесот ќе продолжи и во наредниот период, со нови постапки за вработување во повеќе јавни установи низ државата.

„Зајакнувањето на човечките ресурси е суштински дел од новата стратегија за унапредување на здравствениот систем што ја промовира министерот Алиу. Здравството не може да функционира без посветениот кадар што секојдневно го одржува во живот. Затоа, Министерството останува фокусирано на создавање стабилен и ефикасен систем преку инвестирање во луѓето, кои претставуваат негова основа“, соопшти Министерството за здравство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk