logo
logo
logo

Скопје и 10 општини добиваат нови 49 комунални возила за одржување на хигиената

Vecer | 03.09.2026

Скопје и 10 општини добиваат нови 49 комунални возила за одржување на хигиената

Четириесет и девет нови комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиената во град Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес. Со 4,2 милиони евра преку Светска банка набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционални возила за чистење на улиците.

Промоцијата на возилата се одржа денеска во Скопје, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, градоначалници, претставници на Светска Банка.

– Овој проект е за подобра животна средина, поголема хигиена во нашите општини кои добиваат нови алатки да се справуваат со сметот. Повикувам и на општетсвена и граѓанска одговорност затоа што сите треба да бидеме подеднакво одговорни кон животната средина – рече Мицкоски.

Претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе бидат промовирани уште пет камиони кои ги обезбеди град Скопје како и дека е завршува рокот за жалби за набавката на 3200 контејнери за Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk