Полицијата на ГП „Табановце“ вчера при проверка на автобус на туристичка агенцијa од Тетово кој сообраќал на релација Германија-Македонија пронашла околу 35.000 евра кои не биле пријавени и повеќе канти за кои сопственикот немал дозвола за транспорт, по што биле уапсени шоферот и еден патник во автобусот.
-Денеска од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово сопрен е автобус “мерцедес” сопственост на туристичка агенција управуван од Р.Ф.(37) од с.Доброште, тетовско кој се сообраќал на релација Германија-Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, при преглед во автобусот биле пронајдени повеќе канти за кои немало дозвола да бидат пренесувани, а кај 20-годишен патник од село Теарце, биле пронајдени пет пликоа во кои имало речиси 35.000 евра.
-При преглед на автобусот во приколката се пронајдени повеќе канти за кој лицето не поседува документи и дозволи за транспорт. Додека при извршен преглед кај еден од патниците Ф.И.(20) од Теарце, тетовско пронајдени се пет пликоа со разни апоени, со вкупна вредност од 34.965 евра кој истиот ги внел преку Граничниот премин Табановце без притоа да ги пријави и притоа не поседувал никакви документи за сопственост и потекло на парите, велат од полицијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата