logo
logo
logo

Тони Пигуловиќ, ТИВКИОТ ХЕРОЈ НА БОРБАТА ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ

Vecer | 10.07.2025

Тони Пигуловиќ, ТИВКИОТ ХЕРОЈ НА БОРБАТА ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ

Тони Пигуловиќ, пожарникар од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, веќе 48 часа е на првата линија од фронтот – таму каде што пламенот е најжесток, а времето – најскапоцено. Без одмор, со трошка вода и уште помалку сон, тој и неговите колеги се борат да спасат што може да се спаси: шума, куќи, објекти, животи.

Скопските пожарникари се распоредени на неколку критични точки околу градот, каде што пожарите беснеат низ шумска вегетација, нискостеблести површини, депонии и индустриски зони. Теренот е тежок, огнот – непредвидлив, а ветровите – непријател што не мирува.

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 18:00 часот на 9 јули 2025 година, во државата се евидентирани 25 пожари на отворен простор, од кои 21 сè уште се активни. Во скопскиот регион има шест жаришта кои постојано се следат, гаснат и повторно се разгоруваат.

Но таму, секој ден, секој час – стои Тони. Не прашува колку е ризично, не се жали. Само прашува: „Каде е најпотребно?“

Тони Пигуловиќ денес е лице на храброста. Но зад него се десетици други – пожарникари, волонтери, припадници на службите – кои, иако уморни, не се откажуваат. Зашто кога гори татковината, не се брои ниту времето, ниту жртвата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk