logo
logo
logo

„ИСТОРИСКА СУМА ЗА ЗДРАВСТВОТО“ - Мицкоски најави над една милијарда евра инвестиции

Vecer | 31.07.2026

„ИСТОРИСКА СУМА ЗА ЗДРАВСТВОТО“ - Мицкоски најави над една милијарда евра инвестиции

Над една милијарда евра се изводени за здравствениот сектор оваа година, најави премиерот Христијан Мицскоки при денешната посета на Клиничката боница во Битола. Тој посочи дека здравството останува еден од главните приоритети на Влдата, но нагласи дека проблемите во системот се резултат на долгогодишни слабости, кои според него, не можат да се решат веднаш, туку бараат време, вложувања и континуирана работа.

„Како Влада оваа година рекордно издвојуваме веќе повеќе од една милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги“, истакна Мицкоски.

Премиерот ја пофали директорката и вработените во Клиничката болница во Битола за реализираните проекти, оценувајќи дека тие претставуваат почеток на поширок процес на модернизација на установата.

Според него, целта е постепено целосно обновување на болницата, со инвестиции во реконструкција, современа медицинска опрема и зајакнување на човечките ресурси, со цел да се подобрат здравствените услуги за пациентите.

Мицкоски им се заблагодари на здравствените работници, на Министерството за здравство и на Фондот за здравствено осигурување за досегашната соработка и трпение, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи со истото темпо на инвестиции и во наредниот период.

Тој порача дека Владата останува определена за создавање современ здравствен систем кој ќе може да одговори на потребите на граѓаните, додавајќи дека јавноста и понатаму ќе може да ги следи проектите што се реализираат во здравството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk