Денес, во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, директорот Далибор Китановиќ оствари работна средба со политичкиот советник во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РС Македонија, г. Ендру Ковтун како и со г -ѓа Розита Мреношки, економски советник во Амбасадата.
На средбата се разговараше за положбата и предизвиците со кои се соочуваат помалубројните заедници во РС Македонија, како и за можностите за натамошно унапредување на нивните права преку институционална соработка.
Посебен акцент беше ставен на продлабочувањето на соработката помеѓу Агенцијата и Амбасадата на САД, преку заеднички иницијативи со цел зајакнување на општествената кохезија во македонското мултикултурно општество.
По средбата од Агенцијата изразија голема багодарност до г. Ковтун и Амбасадата на САД за конструктивниот разговор, покажаниот интерес и подготвеноста за понатамошна соработка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата