logo
logo
logo

МИЦКОСКИ: „ИМА ГРУБА МАНИПУЛАЦИЈА“ - Нема така да заврши случајот со Борче Марковски

Vecer | 31.07.2026

МИЦКОСКИ: „ИМА ГРУБА МАНИПУЛАЦИЈА“ - Нема така да заврши случајот со Борче Марковски

Премиерот Христијан Мицкоски побара истрага за случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, оценувајќи дека во постапката има „груба манипулација“. Тој изјави дека лично ќе го следи случајот и обвини дека локален јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство е сочесник во процесот. Според Мицкоски, постојат разлики меѓу извештајот на надлежното Основно јавно обвинителство и записникот што бил доставен од Вишото јавно обвинителство во Битола, поради што очекува инситуциите да спроведат темелна истрага. 

Јас вчера го следев случајот и малку се заинтересирав. ​И мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес. ​И тоа нема така да заврши, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања при посетата на Клиничката болница во Битола.

Тој вели оти не би сакал да шпекулира со имиња и презимиња, затоа што допрва ќе има истрага за овој процес.

-Наскоро ќе има истрага затоа што од страна на надлежното Основно јавно обвинителство имаме поинаков извештај од тој којшто е приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство во Битола. ​Така што, ова нема така да заврши. Ова лично јас ви го гарантирам и јас лично ќе го следам овој случај, рече Мицкоски.

Основниот суд во Струга му го вратил пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“, а еден ден потоа тој ја напуштил земјава преку граничниот премин Табановце. Марковски  е првообвинет во предметот за злоупотреби при јавна набавка во РЕК „Битола“, вредна околу 1,7 милион евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk