Локалните медиуми објавија дека неименуваниот маж се обидувал да се качи на лет за Мумбаи, но тој предизвикал сомнеж за време на стандардната безбедносна проверка. Неговиот куфер веднаш бил одвоен за дополнителен преглед.
Властите покренаа случај
Потоа, во куферот биле откриени четири црнораки гибони (Hylobates agilis), вид мајмун кој се смета за загрозен и како таков е заштитен со закон. Нивната вредност на нелегалниот пазар се проценува на околу 6.400 долари.
Човекот е уапсен и против него е покрената постапка, додека несреќните мајмуни беа предадени на Одделот за диви животни и национални паркови на полуостровот Малезија, објави Yahoo.com.
Властите велат дека апсењата се резултат на координирана операција во соработка со Службата за безбедност и сигурност во воздухопловството (AVSEC), насочена кон борба против шверцот со животни преку аеродромите.
„Нема да правиме компромиси...“
„Ќе продолжиме да ги зајакнуваме контролите и нема да правиме компромиси со никого вклучен во шверцот со диви животни“, се вели во соопштението.
Зад овој инцидент стои поголем проблем - криминални активности кои го загрозуваат опстанокот на бројни животински видови, ги дестабилизираат екосистемите и ги поткопуваат децениските напори за зачувување.
Кога животните се одземаат од нивното природно живеалиште и нелегално се транспортираат преку границите, последиците можат да бидат далекусежни - вклучувајќи го пренесувањето на болести, уништувањето на биодиверзитетот и зајакнувањето на мрежите за нелегална трговија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата