logo
logo
logo

ВИДЕО - ВОЛК НАПАДНА МАЈКА СО ДЕТЕ НА ПЛАЖА ВО ИТАЛИЈА, погледнете како се спасија

Vecer | 26.08.2026

ВИДЕО - ВОЛК НАПАДНА МАЈКА СО ДЕТЕ НА ПЛАЖА ВО ИТАЛИЈА, погледнете како се спасија

Германска туристка и нејзината 12-годишна ќерка доживеаја вистински кошмар откако биле нападнати од животно за кое се претпоставува дека е волк, во популарното туристичко место Пунта Пицо, во близина на Галиполи, на југот од Италија, пренесува Quotidiano di Puglia.

Драмата започнала додека девојчето шетало мало куче, кога дивиот ѕвер ненадејно ги нападнал. Мајката веднаш притрчала да го заштити детето, но и таа била зафатена и повредена. Вистински херој на денот станал 47-годишниот Италијанец Доменико Каприело, кој бил во близина. Тој прво се обидел со голи тупаници да го одбие животното, а потоа го фрлил и столот кон него, успевајќи конечно да го застраши и да го избрка.

Сите тројца се пренесени во болница со сериозни рани на колковите, рацете и задникот, а на храбриот Италијанец му биле констатирани повеќе каснувања и два скршени прсти. По пружената медицинска помош и сошивањето на раните, сите се пуштени на домашно лекување. Поради овој застрашувачки инцидент, италијанските власти веќе поставија замки и ги засилија контролите на теренот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk