logo
logo
logo

МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Од септември следува редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Vecer | 25.08.2026

МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Од септември следува редовно усогласување, се пресметува точниот износ

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот.

– Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд да поведат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде во соодветство со усогласувањата предвидени со законот – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според Мицкоски, износот на зголемувањето на пензиите сè уште се пресметува.

– Не, не се знае. Се пресметува, ќе се знае многу бргу – изјави Мицкоски.

Пензиите се усогласуваат двапати годишно, на 1 март и на 1 септември, а во пресметката во согласност со законот еднакво учествуваат порастот на просечно исплатената плата и порастот на трошоците на живот.

Во изминатите две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk