logo
logo
logo

МАВРОВО ДОМАЌИН НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РИБОЛОВ: Стапува на сила посебен режим на езерото

Vecer | 26.08.2026

МАВРОВО ДОМАЌИН НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РИБОЛОВ: Стапува на сила посебен режим на езерото

Поради одржувањето на Светското првенство во риболов на Мавровското Езеро, риболовот е забранет, како и употребата на пловни средства.

Јавното претпријатие Национален парк „Маврово“ информира дека забраната за спортски, рекреативен и секаков друг вид риболов стапува на сила на 26 август и ќе трае до 7 септември 2026 година, односно до целосното завршување на првенството.

Одлуката е донесена со цел заштита на рибите пуштени специјално за натпреварот, што е официјален настан од највисок ранг во рамките на FIPSed.

Во истиот период, пловидбата и употребата на сите пловни возила во Мавровско Езеро е исто така забранета, односно соодветно ограничена.

Забраната не се однесува на пловилата на полицијата, службите за спасување и другите надлежни институции, кога нивната употреба е неопходна за безбедноста и организацијата на настанот.

Националниот парк ги известува спортските риболовци и другите корисници на езерото да ги почитуваат мерките во текот на наведениот период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk