logo
logo
logo

КОФТЕ турски специјалитет кој се сервирал во харемот на Сулејман, кој потсетува на колачиња и уште посочен

Vecer | 25.04.2024

КОФТЕ турски специјалитет кој се сервирал во харемот на Сулејман, кој потсетува на колачиња и уште посочен

Ако сакате класични хамбургери, ќе ви се допаднат кофтињата.

Потребно е

1 кг мелено говедско месо (најдобро од гради)

125 гр лебни трошки

125 мл. вода

1 лажица сол

1 лажица сода бикарбона

1 лажица сок од лимон

2 средни главици кромид

Подготовка

Во поголем сад измешајте ги месото, солта, водата и презлата. Месете 7 минути додека не добиете цврсто тесто. Покријте и ставете го во фрижидер следните 24 часа. Следниот ден измешајте сок од лимон со сода бикарбона. Истурете во меленото месо, додадете го ситно исечканиот кромид и мешајте додека се да се соедини. Од смесата вадете парчиња со големина на орев и обликувајте ги во форма на колачиња. Од наведената количина ќе добиете околу 30 кофтии. Се ставаат на плех и се оставаат во фрижидер 2 до 3 часа. Печете во загреана тава 5 до 6 минути или додека не порумени. Послужете со прилог по ваш избор. Пријатно!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk