logo
logo
logo

Акциите на Tesla паѓаат за 15 отсто

Vecer | 12.03.2025

Акциите на Tesla паѓаат за 15 отсто

ЊУЈОРК – Акциите на Tesla паднаа за 15 отсто на дневна основа, што е најбрзо темпо во последните пет години.

Акциите на Tesla паднаа во понеделникот поради неизвесноста околу плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за Канада и Мексико, клучни пазари за добавувачите на автомобилскиот производител.

Експертите веруваат дека повисоките царини најверојатно ќе влијаат на производството и ќе доведат до зголемување на цените.

Tesla во петокот ја заврши седмата последователна недела на загуби, што е најдолга серија на загуби од нејзината првична јавна понуда на Њујоршката берза во 2010 година, пишува CNBC.

Акциите на американскиот производител на електрични автомобили паѓаат секоја недела откако неговиот извршен директор Илон Маск замина во Вашингтон и се посвети на работа во Одделот за владина ефикасност (DOGE).

Вредноста на акциите на Tesla достигна врв од 479,96 долари по акција на 17 декември, но од тој ден тие изгубија повеќе од 50 отсто, па пазарната капитализација на компанијата е намалена за повеќе од 800 милијарди долари. Fox Business го праша Илон Маск како успева да ги води своите компании додека истовремено работи во Белата куќа за да ја зголеми ефикасноста, а тој одговори дека тоа го прави „со голема тешкотија“.

Маск за време на интервјуто изјави и дека очекува да остане во администрацијата на Трамп уште една година, пренесува Танјуг.

По емитувањето, Маск на својата социјална мрежа X објави табела со претходни дневни падови на акциите на Tesla, со коментар „Долгорочно ќе биде добро“. Танјуг

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk