logo
logo
logo

Американски фондови ја презедоа КЛУЧНАТА ИНФРАСТРУКТУРА НА УКРАИНА

Vecer | 14.07.2025

Американски фондови ја презедоа КЛУЧНАТА ИНФРАСТРУКТУРА НА УКРАИНА

Американските инвестициски фондови „Аргентем Крик Партнерс“ и „Иноватус Капитал Партнерс“ ја презедоа контролата врз еден од најголемите терминали за жито во Украина - „Олимпекс“ во градот Одеса - по години судски спорови.

До ова дојдоа по години судски спорови и со помош на администрацијата на претседателот Володимир Зеленски, објавува „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Партнерот на фондот „Аргентем“, Џон Патон, објави дека терминалот би можел повторно да биде оперативен во текот на летото, најдоцна до септември, а оперативното управување ќе му биде доверено на шведскиот инвеститор Карл Стурен.

Според ФТ, спорот започнал кога украинските сопственици на терминалот, поврзани со групацијата „ГНТ“, не успеале да го вратат заемот од 95 милиони долари што го добиле од американските доверители.

Во истрагата е утврдено дека информациите за залихите од жито, кои биле обезбедување за заемот, биле фалсификувани.

Еден од поранешните сопственици на терминалот, Владимир Науменко, беше уапсен во мај под обвинение за измама, а неговиот деловен партнер Сергеј Гроза тврди дека случајот е политички монтиран, објавува „Комерсант“.

Со одлуката на Врховниот суд на Украина од 9 јули, терминалот официјално беше префрлен во сопственост на американски фондови.

ФТ наведува дека капацитетот на „Олимпекс“ е околу пет милиони тони годишно, што го рангира меѓу клучните инфраструктурни објекти кога станува збор за украински извоз на жито.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk