Хрватската лотарија објави дека среќната добитничка на големата награда во износ од 173.968,60 евра од 35-тото коло на Евроџекпот е од Италија.
Таа го уплатила добитното ливче за време на туристичката посета на Хрватска, на продажното место на Хрватската лотарија во Загреб, на адресата Опоровечка 14.
Редовната играчка на Евроџекпот од Италија не пропуштила да ја игра својата омилена игра дури ни додека била на пат - а овој пат опцијата QuickPick ѝ донела добивка што сигурно ќе ја памети до крајот на животот.
Таа дошла во главната билетарница на Хрватската лотарија во придружба на нејзиниот син и ќерка. Семејството се заблагодарило за топлото добредојде и додала дека Хрватска е прекрасна земја каде што се чувствуваат како дома, а сега, благодарение на оваа добивка, ќе останат малку подолго отколку што планирале.
На заминување, добитничката рекла нешто што сите го разбрале со насмевка:
- Преубава Хрватска, преубава среќа!
Вечерва е новото извлекување на Евроџекпот за џекпот во износ од 22.000.000,00 евра, додека добивката 5+1 е 1.000.000,00 евра, се вели во соопштението на Хрватската лотарија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата