logo
logo
logo

м се заблагодари на европратениците

БУГАРИЈА ОБЕДИНЕТА МОЖЕ ДА ПОСТИГНЕ РЕЗУЛТАТИ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

Vecer | 09.07.2025

БУГАРИЈА ОБЕДИНЕТА МОЖЕ ДА ПОСТИГНЕ РЕЗУЛТАТИ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

„Ова е јасен знак дека кога Бугарија е обединета, кога сите наши европратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно можеме да постигнеме резултати и да го браниме националниот интерес на највисоко ниво во Европа! Посебна благодарност до Андреј Ковачев и нашето семејство – Европската народна партија!“,

Вака изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на партија ГЕРБ Бојко Борисов за гласањето за Извештајот за Македонија во Европарламентот, јави агенцијата БГНЕС. Со гласањето Европарламентот ги отфрли сите текстови поврзни со „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот.

– Во последните недели одржав голем број разговори со европски лидери и претставници на водечки политички семејства во ЕУ. Јасно објаснив дека европските документи не треба да се користат за националистичка пропаганда, туку треба да им служат на вистината и добрососедството. Драго ми е што гласот на Бугарија беше слушнат – додаде Борисов.

Поранешниот бугарски премиер и актуелен влијателен политичар вели и дека покрај ситуацијата им подава рака на пријателите од Северна Македонија.

– Повторно им подавам рака на нашите пријатели во Северна Македонија – да продолжиме заедно напред, врз основа на почитување и спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мене и во лицето на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер.

„Денес, Бугарија постигна нешто што ретко го правела - го одбрани својот национален интерес.“

Ова го напиша на Фејсбук лидерот на „Постои таков народ“ Слави Трифонов.

„Денес во Европскиот парламент, тврдењата на Северна Македонија за некаков „македонски идентитет“ и некаков „македонски јазик“ беа избришани - повторувам, избришани - од извештајот за напредокот на оваа земја на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова се случи, прво - поради јасната позиција „Постои таков народ“, бидејќи предложивме резолуција до Народното собрание за цврст став на Бугарија во врска со неоснованите тврдења на Северна Македонија - резолуција која беше поддржана од сите политички сили“, истакна Трифонов.

„Второ, ова се случи поради организираната и доследна, 24-часовна активност на бугарските европратеници, кои направија нешто достојно за почит. Тие го променија мислењето на европратениците и ги натераа да ја видат и разберат бугарската позиција. И што е поважно, безусловно да ја поддржат“, нагласи Трифонов.

„Трето, сè што моравме да гледаме и да го запираме беше резултат на некомпетентната и штетна надворешна политика на „Континуирани промени“, предводена од поранешен премиер, а неодамна и поранешен пратеник. Тогашната двојна надворешна политика на Кирил Петков создаде предуслови за владетелите во Северна Македонија - бидејќи Бугарија е видливо слаба - да успеат.“

Да, но не! Реагиравме тогаш, кога ја соборивме таа влада. Сега реагиравме заштитувајќи ги нашите национални интереси. Отсега па натаму, ќе продолжиме да реагираме на потполно ист начин - секој пат кога ќе бидат повредени бугарските интереси и правата на Бугарите во таканаречената држава „Северна Македонија“! објави Трифонов.

Европарламентот усвои извештај за Македонија, во кој се избришани сите делови каде стои „македонски јазик“ и „македонски идентитет“.

Известувачот за Македонија од Европарламентот, Томас Вајц, за усвојувањето на извештајот пред пратениците изјави дека „за жал, некои бугарски европратеници го искористија извештајот за домашни цели“, пишува Вајц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk