„Прогресивна Бугарија“ доби најмногу гласови на парламентарните избори и во Северна Македонија . Вкупно 160 гласачи гласаа за неа, според податоците од изводот од записниците во петте избирачки места, цитира од БТА.
Коалицијата „Континуирани промени – Демократска Бугарија“ беше втора, со 91 глас. Коалицијата „Вазраждане“ беше трета, со 63 гласови, додека ГЕРБ доби 61 глас.
Според конечните протоколи во одделенијата во бугарската амбасада во Македонија, генералниот конзулат во Битола и оние во Струмица, Охрид и Прилеп, на парламентарните избори гласале вкупно 463 гласачи.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека очекува излезност со повеќе нули со оглед на бројките кои Софија ги прикажува за присутност на Бугари во Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата