Во повеќе училишта на подрачјето на Херцеговско-неретванскиот кантон утрово се примени дојави за поставени експлозивни направи. Според информациите на „Večernji.ba“, заканите пристигнале во училиштата во Мостар, Коњиц, Чаплина и Јабланица.
На терен веднаш излегле антитерористички тимови и полициски сили, а биле ангажирани и службени кучиња за откривање експлозиви. Сите објекти се обезбедени, а наставата е веднаш прекината до завршување на проверките. Како што дознаваат локалните медиуми, дојавите биле испратени преку официјалните е-мејл адреси на училиштата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата