logo
logo
logo

Здравко Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро

Vecer | 03.02.2026

Здравко Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро

„Јас сум во Загреб, каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Сè е во ред во Белград, фала му на бога што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во текстовите на медиумите беа протолкувани на начин што не одговара на вистинската состојба на работите. Мислам дека е важно информациите да се дистрибуираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај“, изјави Чолиќ за телевизијата „Уна“.

Експлозивна направа беше фрлена рано утрово врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во Белград. Се претпоставува дека станува збор за бомба „кашикара“, што била фрлена во дворот на семејната куќа на Чолиќ на Дедиње.

Мотивот за нападот, во кој е предизвикана материјална штета, засега е непознат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk