Врз куќата на Здравко Чолиќ на Дедиње во Белград, била фрлена бомба, објави „Курир.рс“. Полицијата и обвинител на Вишото јавно обвинителство спроведуваат истрага на лице место.
Како што дознава „Курир.рс“, нападот се случил рано утрово, околу 5 часот наутро, но во полицијата е пријавен дури пред неколку часа.
Истрагата по бомбашкиот напад врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ штотуку е завршена, а последната полициска трака е отстранета.

Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград поминале неколку часа собирајќи траги и докази оставени од бомбашот, а како што неофицијално дознаваат српските медиуми, безбедносните камери што го покриваат секој метар од дворот и градината ќе играат важна улога во откривањето на сторителот на ова злосторство.
Напаѓачот, како што е осомничен, ја фрлил бомбата утрово кратко по пет часот, додека ќерката на Здравко Чолиќ спиела во куќата. Познатиот пејач наводно не бил во куќата во моментот на експлозијата, туку во странство.

- Штети и дупки се видливи на портата од вилата на улицата Станка Челиќа во Дедиње. Исто така, уништена е и зелената површина во дворот, која се наоѓа веднаш до влезната врата од куќата - опишува соговорникот на Курир и потсетува дека за среќа никој не е повреден, но на куќата е предизвикана голема материјална штета.
На местото каде што експлодирала бомбата, таканаречената кашикара, во дворот е направена дупка, а како што додава изворот, ова укажува дека напаѓачот имал намера да ја фрли кон влезната врата од куќата.
Детонацијата на бомбата, патем, ги скршила прозорците на куќата на Чола, но и на гаражата на соседот каде што е паркиран луксузниот „Мерцедес“.
- Срчи од стакло има насекаде во дворот, околу куќата, но и во дворовите на соседите. Фасадата на куќата на Чолиќ исто така беше оштетена - додава соговорник.

За време на истрагата и испитувањето на КД, полицијата темелно го претресе и белиот џип „Волво“, кој наводно е во сопственост на семејството на Чолиќ, а во времето на нападот бил паркиран на улицата, пред куќата. Патем, задните прозорци напукнале од силата на детонацијата.
Мотивот и сторителот на нападот врз куќата на познатиот пејач сè уште се утврдуваат.
Пејачот, како и членовите на семејството, треба да откријат на властите дали добиле закани или имале конфликт со некого.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата