logo
logo
logo

Позната е причината за смртта на Мајкл Медсен- бил пронајден мртов во неговиот стан

Vecer | 03.07.2025

Позната е причината за смртта на Мајкл Медсен- бил пронајден мртов во неговиот стан

Актерот, најпознат по својата работа со Квентин Тарантино, бил пронајден денеска во несвест.

Неговите агенти објавија соопштение во кое се вели дека починал во својот дом во Малибу.

Исклучена е можноста за насилна смрт.

Менаџерот на Мадсен, Рон Смит, потврди дека неговиот клиент починал од срцев удар.

Во текот на кариерата што траеше четири децении, Мадсен доби признание за неговите портрети на често енигматични и хумористични цврсти момци во филмови како „Kill Bill“, „Reservoir Dogs“, „Telma & Louise“ и „Donnie Brasco“.

Тој се појави и во подоцнежните филмови на Тарантино, вклучувајќи ги The Hateful Eight и Once Upon a Time in Hollywood.

Славниот актер ја започна својата кариера во Чикаго како дел од театарската компанија Steppenwolf пред да го направи своето деби на големото платно во научно-фантастичниот филм „WarGames“ од 1983 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk