logo
logo
logo

Голем трибјут концерт за Тоше по втор пат во Штип!

Vecer | 13.08.2025

Голем трибјут концерт за Тоше по втор пат во Штип!

После одличниот прв концерт минатата година, Штип на 21 август повторно ќе биде домаќин на концертот во чест на нашата поп икона Тоше Проески.

- Повеќе од 15 музички ѕвезди на иста сцена, во чест на најголемата наша музичка ѕвезда! Петчасовен спектакл и ноќ исполнета со емоции. Повелете на магична ноќ на емоции, ноќ на музика, ноќ за Тоше! Да ги испееме заедно  безвременските хитови на нашиот единствен Тоше, велат организаторите на концертот што има хуманитарен карактер – дел од средствата ќе бидат донирани за реконструкција на улицата „Тодор Проески“ во Крушево.

Влезници во претпродажба по промотивна цена во City Point Tobacco – Штип.

Во рамки на настанот во периодот од 10 до 16 часот. во Домот на млади ќе се реализира крводарителска акција „Биди хуман како Тоше”, а секој крводарител ќе добие гратис влезница за концертот и пакет производи. Во 20 часот настапуваат ѕвездичките од „Весело Штурче“ кои во хор ќе интерпретираат композиции од Тоше. Главниот дел од вечерта посветена на Тоше почнува од 21 часот, со unplugged изведба, концертот го отвораат Duo Bright & Lili Аcoustic. По нив, на сцената настапуваат The Hounds со свој аранжман на неколку песни од Тоше. Потоа настапуваат: Мартинијан Кириловски, Андријана Петрушовска, Антониа Гиговска, Бени, Дани, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Атанас Петров, Марија Данева, Виолета Арсовска & Виктор Манев, Зоран Илиев, Огнен Здравковски… – No End & Friends ќе бидат бендовска поддршка на изведувачите, а во улога на водители на настанот ќе бидат Миро Кацаров и Верица Донев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk