Чуле открива поинаква музичка страна со „Љубовта е чаша“

Vecer | 25.10.2026

Чуле открива поинаква музичка страна со „Љубовта е чаша“

Некои чувства тешко се искажуваат со зборови, но музиката успева да им даде глас. Токму таква приказна носи „Љубовта е чаша“, новата песна на Дејан Николоски – Чуле, на публиката познат како вокал на групата „Дрим Тим“.

Станува збор за музички проект со романтична тематика, во кој љубовта е прикажана низ симболиката на чашата, како нешто што може да биде исполнето, да остане празно, но и да се скрши.

Музиката е на неговиот колега од групата Коки Коцев, текстот го потпишува Огнен Неделковски, додека аранжманот е на Дејан Момировски, кој се погрижи и за миксот и мастерингот во XLstudio Momiroski. Во реализацијата на песната учествуваат и гитаристот Дамјан Пејчиноски, виолинистот Хилми Баки и придружните вокали на Марта Чело, чии изведби го надополнуваат музичкиот израз на композицијата.

Песната е проследена и со видеоспот во режија на Ѓорѓи Вацев, кој ги потпишува и камерата и монтажата. Видеоприказната ја надополнува и Катерина Динева, преку чија улога музичката тема добива и своја визуелна димензија.

Со „Љубовта е чаша“, Чуле се претставува надвор од препознатливиот контекст на настапите со „Дрим Тим“, ставајќи го во преден план поинаквиот, поинтимен израз.

Уживајте во „Љубовта е чаша“: 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk