logo
logo
logo

Де Ниро ќе изведе рецитал од симфонијата „Линколн“ на Филип Глас во „Карнеги хол“

Vecer | 04.03.2026

Де Ниро ќе изведе рецитал од симфонијата „Линколн“ на Филип Глас во „Карнеги хол“

Настапот првично беше закажан за во Центарот за сценски уметности „Кенеди“ во Вашингтон. Во јануари, Глас објави дека ја откажува планираната премиера во знак на протест против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да го отпушти раководството на културната установа. Рене Флеминг, Лин-Мануел Миранда и Бела Флек се меѓу уметниците кои ги откажаа своите настапи во Центарот „Кенеди“. Така, симфонијата ќе биде изведена на добротворен настан во Њујорк во вторник, т.е. во поддршка на „Тибет хаус САД“ - непрофитна образовна организација.

Организацијата го потврди учеството на Де Ниро (82), кој е меѓу отворените критичари на Трамп.

Филип Глас и Лори Андерсон се уметнички директори на вечерта. Делото „Линколн“ е делумно засновано на еден од раните говори на тогаш идниот претседател, односно обраќањето на Лицеумот во 1838 година, во којшто говорникот предупреди на опасностите од насилството на толпата за демократијата.

- Многу ми е мило што Роберт де Ниро ќе го прочита говорот на Линколн. Тој е апсолутно вистинската личност, изјави Глас.

Инаку, Трамп ја преименува установата во Вашингтон - во Центар „Трамп Кенеди“, промена за којашто некои извори велат дека може да ја донесе само Конгресот. Претседателот, исто така, објави планови за затворање на зградата во јули заради реновирање коешто може да трае и околу две години.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk