logo
logo
logo

ЕВРОВИЗИЈА, ШТО БЕШЕ ТОА? Музиката одамна не е таму, а политиката и ЛГБТ заедницата си ја земаа за промоција

Vecer | 04.12.2025

ЕВРОВИЗИЈА, ШТО БЕШЕ ТОА? Музиката одамна не е таму, а политиката и ЛГБТ заедницата си ја земаа за промоција

Замислена како музички фестивал на телевизите од Европа Евровизија со децении беше извор за добра музика, хитови промоција на победници и врвни естрадни ѕвезди кои по Евровизија правеа кариери.

Потоа стана политка. Настапува Израел кој не е во Европа, па и Австралија бараше свое место, па на крај и Австралија влезе на Евровизија и стана “Европа“. Почна исклучување на учество на држави кое не беа по воља на Брисел. Србија, поради санкции од ЕУ, не учествуваше на Евровизија од 1993 до 2002 година. Сега, повторно заради политички санкции, не учествуваат Белорусија и Русија. Во 2022, годината кога почна војната во Украина и санкциите на Евровизија победи - Украина.

Радиодифузерите членки на ЕБУ во Андора, Босна и Херцеговина, и Словачка потврдија дека не учествуваат пред објавувањето на списокот на учесници од страна на ЕБУ. Македонскиот радиодифузер МРТ објави потенцијално враќање на земјата на Евровизија но, Македонија на крајот не се појави на конечниот список на учесници за 2025 година. Генералниот директор на косовскиот радиодифузер РТК, Шкумбин Ахметџекај, испрати официјално писмо до ЕБУ во јуни 2024 година, барајќи покана за Косово да дебитира на натпреварот во 2025 година но, ова беше одбиено од Генералното собрание на ЕБУ во јули 2024 година.

А последната деценија Евровизија е геј парада и победниците, речиси редовно, се од ЛГБТ заедницата.

Сето тоа стана премногу и неподносливо за вкусот на просечниот евтропски гледач. Евровизија имаше се помала гледаност а одамна не се памети некој поебдник, или абрем фаворит, да направи музичка акриера после Евровизија.

Сега Евровизија и отворено ебојкотирана од повеќе држѓави, што е само почеток на падот.

Ирска, Холандија, Шпанија и Словенија објавија дека ќе ја бојкотираат следната Евровизија во Австрија откако на денешен состанок беше одлучено дека Израел може да учествува. Овие држави ги предводеа повиците Израел да биде исфрлен од популарното музичко натпреварување поради предизвикување хуманитарна катастрофа во Газа и обвинувањата за неправични практики за гласање.

Ирскиот радиодифузер РТЕ објави дека ќе ја бојкотира Евровизија и нема да ја пренесува.

„Сметаме дека учеството на Ирска би било несовесно со оглед на ужасната загуба на животи во Газа и тамошната хуманитарна криза, која продолжува да ги доведува во опасност животите на толку многу цивили“, соопшти РТЕ.

Шпанија уште во септември донесе одлука дека нема да учествува ако Израел не биде исклучен, додавајќи дека исто така нема да врши пренос од настанот.

Исланд и Белгија соопштија дека дополнително ќе одлучат дали ќе учествуваат.

„Имавме целосна, искрена, чесна и доста трогателна дебата, но како што можеме да видиме од емпатичниот резултат, тие навистина се здружија во верувањето дека евровизискиот натпревар не треба да се користи како политички театар. Мора да задржи одредено чувство на неутралност“, изјави директорот на Евровизија, Мартин Грин.

Минатиот месец Европската радиодифузна унија објави дека ги заострува правилата за гласање на натпреварувањето за да го ограничи влијанието на владите. Ова уследи по обвинувањата дека Израел вештачки ја зајакнал својата позиција на годинашната Евровизија во Швајцарија благодарение на широка платена рекламна кампања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk