Уште една сезона од музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“ заврши, а победата ја освои Никола Станишиќ (25) од Скопјe. Никола Станишиќ, единствениот Македонец кој пееше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, во своето Волково ќе се врати со победничкиот трофеј. Прва му честиташе неговата менторка Цеца, која го прегрнуваше и со него ја сподели радоста.
Тензијата беше присутна до самиот крај, а првото место и 130.740 гласови од публиката му припаднаа на кандидатот кој беше во тимот на Цецa Ражнатовиќ, млад пејач од Македонија, Никола Станишиќ.
Победничката статуа му ја врачи Сузана Јовановиќ, вдовицата и доживотна придружничка на Саша Поповиќ, а оваа година беше воведена и посебна награда - плакета со името на Саша Поповиќ во спомен на ликот и делото на човекот кој ја создаде најголемата музичка империја на Балканот и ја основа „Ѕвезде Гранда“.

На Гранд сцената не останаа солзи, а победникот особено му се заблагодари на својот ментор Цецa Ражнатовиќ, а потоа запеа на крајот, кога се завитка во македонското знаме.
Сузана Јовановиќ одржа краток емотивен говор на Гранд сцената
- Не е крај, исто како што Сале не си замина. Мислам дека неговиот дух се чувствува вечерва тука. Ова е многу емотивно за мене и моето семејство. Сакам да му го доделам ова посебно признание на некој што навистина го заслужува - рече Сузана Јовановиќ.

Да ве потсетиме дека финалето на „Ѕвезде Гранда“ беше прекинато минатата сабота, а програмата продолжи вечерва.
Во големото финале настапија 20 кандидати, а победникот го избра публиката преку СМС гласови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата